| четврток, 6 декември 2018 |

Холандија нема доверба во ОН за случајот со урнатиот малезиски авион

malezijaХоландската влада вчера го отфрли предлогот на роднините на жртвите од авионот на Малезија ерлајнс, Обединетите нации да го преземат водењето на истрагата за случајот.

Барањето ОН да именува специјален претставник кој ќе ја води истрагата за падот на авионот во петокот го поднесе адвокатската канцеларија која застапува 20 членови на семејства на жртвите.

Тие ја обвинуваат Холандија дека не успеала да создаде законска основа да им се суди на одговорните за авионската несреќа. Во одговорот до адвокатската канцеларија, холандската влада наведе дека во истрагата не учествувале само холандски истражители, туку дека во тимот биле вклучени претставници на 11 земји, меѓу кои и Малезија, Русија и Украина, пренесува Ројтерс.

Авионот на летот НХ17 се урна на 17 јули над источна Украина. Во несреќата загинаа сите 298 патници и членови на екипажот, од кои две третини беа Холанѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top