Екипата на филмот „Ослободувањето на Скопје“, на денешната прес конференција изрази голема благодарност за поддршката која им ја овозможи општината Битола при реализацијата на овој проект. Денес, снимањето на филмот завршува во Битола, а продолжува во Скопје.
– Беше супер. Во Битола бевме точно еден месец. Многу сме благодарни на Битола како град, на луѓето кои беа толку трпеливи и покажаа разбирање кон нас. Градоначалникот ни излезе во пресрет и се чувствувавме како да се наоѓаме на сред некое големо америчко студио. Исто така и времето одлично не послужи, така што изгледаше како некој од горе да го режира целиот филм. Од Битола продолжуваме во Скопје, изјави Раде Шербеџија, режисер на филмот.
Филмот „Ослободувањето на Скопје“ е прво режисерско остварување на Шербеџија, а истиот овозможува афирмација на исклучителните и единствени локации на Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кога најблизок ќе ти замине, не се зборува: Шербеџија потресен од големата загуба!
-
Имав 0,8 промили алкохол, три пати ми правеа алкотест – се огласи и Шербеџија
-
Славниот актер Раде Шербеџија се најде зад решетки
-
Албанците му пакуваат афера на Шербеџија: Измислија дека ќе го глуми терористот Адем Јашари!