| четврток, 6 декември 2018 |

Проекција на филмот „Македонец“ од Петро Алексовски во Прага

Во Прага беше прикажан филмот ,,Македонец” на Петро Алексовски, македонски филм кофинансиран од Полскиот филмски институт. Филмот ја доловува судбината на македонските и на грчките деца кои ја напуштија родната земја по Граѓанската војна во 1946-1949 година во Грција. Ја опфаќа судбината на дел од децата, кои тогаш беа евакуирани и распространети во различни поранешни социјалистички земји како Југославија, Романија, Чехословачка, Унгарија, СССР и Бугарија.

Филмот е снимен по повод 65-годишнината од пристигнувањето на децата-бегалци во земјите од Источна Европа. Премиерно беше прикажан на 31 мај годинава, на филмскиот фестивал во Краков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top