Скопската општина Карпош доби 48 милиони денари од Владата, пари кои се наменети за реконструкција на две улици и обнова на атмосферската канализација на седум улици во општината. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски и Стевчп Јакимовски, градоначалник на Карпош денеска го потпиша договорот во рамки на Проектот за подобрување на општински услуги МСИП.
Ставрески посочи дека овие проекти биле издвоени како приоритетни за Карпош, од кои директна корист ќе имаат 3500 граѓани.
-Условите под кои ги доделуваме овие средства се исклучително поволни. Имено, се работи за каматна стапка од 0,6 % и рок на отплата од 13 години во кои е вклучено и 3 години грејс-период. Како што знаете ние и претходно им доделувавме пари на општините. 34 општини досега добија 26 милиони евра, а во тек се подготовките на проекти за уште 20 општини кои ќе повлечат нови 21 милион евра, истакна Ставрески.
Досега, потсети Ставрески, доделени се 26 милиони евра на 34 општини ширум Македонија, а во тек е доделување на уште 21 милион евра на неколку општини.
Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, истакна дека со овие средства ќе бидат санирани неколку улици и атмосферски канализации, што ќе им биде од голема помош на граѓаните.
-Со овие 800.000 евра,кои ги подигнуваме под одлични услови, ќе биде решен голем проблем. Иако изминатава година имавме врнежливо време, ниту еден дел од нашата општина не беше поплавен. И натаму ќе продолжиме да работиме на исполнување на сите услови, рече Јакимовски.
Дополнително, ќе се прават и нови тротоари и асфалтни слоеви на ниво на општина Карпош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јакимовски: Намалувањето на казната за Боро Стојчев е политичка, а не правна одлука
-
Кривична пријава за Јакимовски и четворица негови соработници
-
Јакимовски: Откако се одвоив од СДСМ во 2013 година, постојано ми се закануваат со притвори и затвори
-
Општина Кaрпош: Нема услови градинките да работат во две смени, идејата на министерството е нефункционална