Во Ватикан денеска почнува изборот на нов папа кој ќе го наследи Бенедикт Шеснаесетти. На конклавата во Сикстинската капела учествуваат 115 кардинали од целиот свет. Новиот папа треба да добие двотретинско мнозинство.
Изборот на нов поглавар не е временски ограничен, но, според најавите, се очекува да трае кратко, можеби до крајот на неделава, а сигналот ќе биде соопштен преку оџакот кој беше монтиран во саботата. По секое гласање се палат гласачките ливчиња. Ако гласањето е успешно, од оџакот ќе се појави бел чад.
Новиот папа го очекуваат 1,2 милијарда католици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.