И Калиопи како жирито и публиката на „Ѕвездите на Гранд“ е воодушевена од изведбата на нејзината „Бато“ на младата Македонка Маријана Мариангел.
– Сакам на Маријана да и честитам на извонредната изведба. Заради ангажманите ретко ми се случува да бидам покрај телевизор, но затоа фала им на моите пријатели кои ги следат тие натпреварувања и ми јавуваат – Сега пееше една фантастична девојка, како испеа – и, секако, потоа истражувам и ги следам тие настапи. Тие податоци дека „Бато”, „Црно и бело”, „Вучица”… се пеат на тие натпревари кажува дека сепак сме оставиле зад себе некаков белег затоа што и некои други генерации се фаќаат за тоа и прават некоја своја приказна. Како што сега и Маријана го направи тоа многу храбро, слушнав дека се двоумела помеѓу „Црно и бело” и “Бато”, но воопшто не згрешила. Не е важно ни што не продолжила, важно е дека со едно такво појавување човек си потврдува на себеси нешто што долго во него тлеело. Беше извонредна, прекрасна и сакам да и честитам на храброста – рече Калиопи од Белград во отворената програма каде Маријана беше гостинка.
Маријана успеа да добие шест ѕвезди и пред публиката и жирито да запее уште еднаш, односно во баражот од ова музичко натпреварување, каде ја отпеа „Молитва“ од Марија Шерифовиќ.
Поради силната конкуренција и одличните кандидатки таа не продолжи понатаму, но доби најава дека ништо не е изгубено и листата треба да се прошири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.