| четврток, 6 декември 2018 |

„Рибља чорба“ ги одложи настапите, бидејќи Бора Чорба е во болница

Пејачот на групата „ Рибља Чорба“, Бора Чорба веќе неколку дена се наоѓа во болница поради воспаление на плуќата. Славниот српски рокер сега добро се чуствува и овие дена би требало да биде пуштен на домашно лекување.

– Сега сум добро и наскоро ќе излезам од болница, рекол пејачот за српскиот весник „Новости.

Поради здравствените проблеми на Бора групата морала да ги откаже натспите кои им биле закажани, но штом излезе од болница и целосно оздрави, легендарниот пејач ќе продолжи со настапите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top