| четврток, 6 декември 2018 |

Латиновски: Ќе победам уште во прво полувреме!

Петре Латиновски, актуелниот градоначалник на општина Бутел и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за истата функција, на вечерашниот митинг во неговата општина е сигурен во својата победа уште во првото полувреме.

Пред насобраните граѓани тој порача дека пред осум години кога ја добил довербата, веднаш почнал да размислува за проекти и да работи.

petre

– Драго ми е што во сите населени места направивме спортски објекти, срцето ми се исполнува кога ги гледам полни игралиштата со деца. По трет пат застанувам пред вас бидејќи само со дела можам да го оправдам вашиот глас. Сè друго е гола политика. Викаа за мене физички и кондициски не сум бил подготвен за натпревар ниту за едно полувреме. Им порачувам дека сум подготвен за три натпревари без пауза. Во првото полувреме, сигурен сум, ќе издвојам победа за нашиот Бутел – изјави Латиновски.

Тој истакна дека грижата за младите ќе остане еден од неговите приоритети.

-Почнаме со изградба на училиштето „Живко Брајковски“, ќе се гради училиште и во Визбегово. Грижата за младите продолжува, ќе се гради градинка во Радишани. Ќе отвориме пензионерски клубови во сите населени места. Имаме индустриска зона, имаме убава шанса. Еден од најзначајните проблеми како што е невработеноста мора да го решиме – истакна градоначалникот.

Патот кој заеднички го зацртува со граѓаните на Бутел ќе остане начин на работа за Латиновски. Тој апелираше дека одлука на граѓаните е тој да победи уште во прв круг на изборите. Освен за себе, побара доверба и за советничката листа. Тој во својот говор го поздрави и Јохан Тарчуловски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top