Македонската кошаркарска репрезентација ја очекува денешната ждрепка во Париз за Европското првенство што ќе се оддржи во септември идната година од четвртиот барабан, заедно со селекциите на Италија, Полска и Белгија. Континенталниот шампионат ќе се игра со заедничка организација на Франција, Хрватска, Германија и Летонија.
Ждрепката е закажана за 17 часот попладнево.
Посакувана група за пласман во втората фаза секако би биле Хрватска од првата група, потоа Украина или Финска од вториот барабан, заедно со Летонија од третиот сад и Чешка и Исланд од најслаборангираните селекции при ждрепката.
Распоред пред ждрепката во Париз.
Прв барабан: Франција, Литванија, Шпанија, Хрватска
Втор барабан: Словенија, Украина, Србија, Финска
Трет барабан: Грција, Турција, Латвија, БиХ
Четврти барабан: МАКЕДОНИЈА, Полска, Белгија, Италија
Петти барабан: Германија, Израел, Чешка, Грузија
Шести барабан: Холандија, Русија, Исланд, Естонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



