| четврток, 6 декември 2018 |

Египќанец осуден за тероризам бара азил во Албанија

тероризам

Египетскиот државјанин, баран со меѓународна потерница за тероризам, Елсајед Али Ахмед Елезаби, кој на почетокот на месецов беше уапсен на граничниот премин Капштица на албанско-грчката граница кај Корча при обид да влезе на албанска територија, побарал азил од албанските власти.

Според албанското Министерство за внатрешни работи, на кое се повикуваат медумите, по Елезаби била распишана потерница од Интерпол Каиро, бидејќи бил осуден од египетските власти на 25 години затворска казна за извршени терористички акти.

Во апликацијата за азил тој навел дека не сака да се врати во Египет поради неговата небезбедност и затворската казна.

Медиумите наведуваат дека тој имал средба и со Народниот правобранител Игли Тотозани и оти албанските власти веќе го разгледувале неговото барање за азил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top