| четврток, 6 декември 2018 |

Кејти Холмс: Во бракот со Том Круз постојано стравував

S

Познатата глумица Кејти Холмс неодамна откри дека не би сакала во иднина сите да ја паметат по разводот од актерот Том Круз, а сега, како што тврди, е конечно слободна.

Познатата холивудска двојка Кејти Холмс и Том Круз се разделија пред две години по пет годишен брак, а оттогаш глумицата ја поврзуваат со нејзиниот колега Џејмс Фокс.

Некому разводот му е тежок, но не и на Кејти која вели дека многу подобро се чувствува откако е сама.

– Во бракот постојано стравував. Сега сум конечно слободна и повеќе од ништо не се плашам – изјави Кејти.

Том Круз и Кејти се венчаа во 2006 година и ја имаат заедничката ќерка Сури, која живее со мајка и.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top