| четврток, 6 декември 2018 |

Детали за свадбата на Тамара – наместо свадба, голема журка

Пејачката ќе носи гламурозна и уникатна вечнаница, а наместо традицонална свадба со обичаи, ќе организира голема забава на која ќе има многу млади, пишува „Вечер“.

tamara nevesta

Тамара Тодевска која неодамна се вери со Aлександар Димитровски Мачка веќе на големо се подготвува за свадбената веселба која што ќе се случи во јуни, идната година, а пејачката решила наместо една, да има дури две старосватици.

– Со оглед на тоа што не можев да се одлучам која од другарките да ми биде старосватица, решив да имам две. Дозволено е и со закон, па така Катерина Ивановска и Александра ќе бидат сведоци на мојата љубов со Мачка – вели Тамара.

Во моментов двојката живее заедно во станот на екскошаркарот во Центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top