Тешко е повреден 45-годишен Шпанец, откако го нападнале три лава во зоолошката градина во Барселона, Шпанија.
Како што пишуваат шпанските медиуми, човекот влегол во просторијата каде што се сместени лавовите и застанал пред еден од нив, се обидел да ги разлути и три лава го нападнале.
Посетителите на зоолошката настојувале да го одбранат, гаѓајки со камење по лавовите, додека не притрчало обезбедувањето во помош, кое со водени топови и противпожарна пена ги растерале лавовите.
Несреќниот настан траел околу половина час, а Шпанецот бил префрлен во болница со неколку сериозни повреди.
Повредниот Шпанец полицијата во септември и во ноември го привела поради учество на протестите организиран против абортусот и протестот со кој се поддржуваше независноста на Каталонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.