
Дваете бебиња и деца со комплексни вродени срцеви маани овој месец ќе бидат оперирани на Клиниката за детска хирургија. Американскиот тим составен од 15 члена – експерти кој веќе пристигна во земјата, со кардиохируршките интервенции почнуваат во вторник.
На списокот има и бебиња кои се стари само неколку недели. Сите се на одделот за кардиологија во детската клиника.
– Направени се сите подготовки и утре ќе ги елаборираме на состанок со американскиот тим кои ќе одлучат кој прв ќе биде опериран. Овој процес оди многу добро – вели др. Аспазија Софијанова директор на Клиниката за детски болести.
Македонски лекари од детска хирургија и детската клиника кои работат во сала заедно со американските кардиохирурзи, за неколку дена ќе ја направат и 100-тата ваква интервенција. Овие две години колку што трае проектот, имале само неколку смртни случаи на пациенти кои биле во многу тешка здравствена состојба. Но од друга страна, истите оперирале и спасиле три дечиња кои биле вратени од странство како безнадежни случаи.
– Наредното доаѓање на странцџите кое ќе биде во февруари очекуваме и пациенти од Албанија а во преговори сме и со Косово, со што ќе станеме регионален центар – вели Софијанова.
Со операциите на срце кај деца и во Македонија, значително се намалени трошоците што за таа намена ги издвојуваше ФЗОМ. Овој период во странство праќаат само по неколку дечиња кои се итни случаи. Прогнозите се за две години македонските хирурзи да почнат сами да ги прават овие операции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


