| четврток, 6 декември 2018 |

„Отпадниците“ доказ за фашистичката и недемократска политика на СДСМ

Tatjana Karakamiseva (Custom)

– Перјаниците на СДСМ во последниов период се надминаа себе си, ги преминаа сите граници на цивилизирано новинарско/човечко однесување, длабоко загазија во казнената зона утврдена во Казнениот законик на РМ, и навистина погубно, ги фрлија во бунар демократските вредности на новинарската професија и етиката на новинарот. Комплетно ја згазија сопствената професија и ја омаловажија сопствената мисла и пишан збор до степен од кој нема враќање назад. Некои личности со збор покажаа дека не им е место да бидат дел од новинарската фела, не заслужуваат да бидат дел од јавното мислење, а уште помалку да бидат негови креатори. Потребата од оградување од ваквите фашизоидни и грозоморни изјави од најповиканите, пред се, ЗНМ и другите здруженија на новинари, и натаму стои, со цел ублажување на црнилото кое го фрлија неколкумина новинари во медиумскиот простор. Ако пак нема никаква реакција тоа треба длабоко да не замисли сите нас во кој правец оди новинарството, дали има граници целиот овој невкус и злоба и дали уставно загантираната слобода на мисла и нејзиното јавно изразување не е егзекутирана од неколкумина егзекутори пред очите на сите нас? Во името на демократијата, опозициската перјаница ја изведува најгрозоморната точка на насилство без никакво чувство на одговорност и морал – вака универзитетската професорка Татјана Каракамишева ги коментира се почестите натписи на перата на СДСМ кои содржат говор на омраза, посакуваат нечија смрт, повикуваат на насилство.

Колумната на новинарот Бранко Тричковски во кои тој „го опишува својот со за убиство на премиер и министер“ ја прелеа чашата. Каракамишева вели:

-Со фактот дека никој од опозицијата, која ги почитува и храбри овие новинарски пера, а честопати се добива впечаток дека тие им ги креираат текстовите кои раководните од СДСМ само ги читаат на прес, не најде за потребно да се оградат од нив, тогаш сериозно може да се запрашаме дали оваа егзекуторска инсталација не е директен производ на партијата со цел создавање атмосфера на психоза која треба да биде ударна тупаница на опозициската политика олицетворена во процесот „политичка бомба на Заев”. Кога ќе се собере се што се случува на терен и кога ќе се одделат елементите еден од друг се разоткрива мозаикот на опозициската борба во која не преден план се гледаат перјаниците со напливот и избликот на целото злобно семе кое треба медиумски да се насади, да го инфицира конзументот, обичниот граѓанин, да се внесе страв во коски дека „големите демократи” го чистат теренот за социјалдемократската напатена раководна структура која после чистењето треба да ја запоседне власта и од горе да ни ја „извади душата” на сите кои не мислат како нив. Само се поставува едно мала но важна дилема-дали граѓаните имаат толку мало ниво на интелегенција и можат да поверуваат во каубојскиве филмови на режисериве?

Аналитичарите коментираат дека народот веќе навикнал да слуша како СДСМ и неговите перјаници говорат за демократија, а да гледа како на дело се пресметуваат со нивните неистомисленици. Физички пресметки, забрана за свое мислење и градење на сопствен став – станаа главни орудија на СДСМ иако постојано се обидуваат да прикажат некаква борба за демократијата. Судејќи по она што се случува на терен се работи повеќе за лажни борци отколку за вистински борци. Вистинското лице на СДСМ се виде на вратата од домот на пратеничката Љубица Буралиева. „Графитот“ со содржина „К**во продадена“. – беше испишан на влезната врата од нејзиниот стан. Ова се случуваше еден ден откако собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетски им даде неоправдани на пратениците од опозицијата кои не влегоа во Собранието. Буралиева е една од трите пратенички кои не ја почитуваа одлуката на раководството на СДСМ за што постојано добила заканувачки пораки. Таа стравува за својата безбедност од причина што не е првпат да добие закани.

buralieva-7

Недемократијата на СДСМ се покажа и со исклучувањето на Буралиева и нејзината колешка Солза Грчева од партиските редови. „Демократски“ СДСМ ваквата одлука ја донесе поради непочитување на одлуките на највисоките органи и тела на партијата од страна на двете пратенички кои решија корката леб да ја заработат седејќи во Собранието. Наспроти нив, и покрај волјата на граѓаните 34-ца пратеници да седат во собраниските клупи, 31 места останаа празни, а народните избраници земаа плата за седење дома.

solza-grceva-7

СДСМ тоа го правеше и во случајот кога Стевчо Јакимовски не се согласуваше со СДСМ. Актуелниот градоначалник на Карпош во гостувањето во емисијата „Вин Вин” кај Оливера Трајковска во март 2013 обвини дека СДСМ му се заканувал нему и на неговите синови.

– Вие сте меѓу првите што ми се заканувате. Вие направивте големи грешки. Се јавувате во четири наутро и му се заканувате на едниот син. Многу добро знаете чиј син седел на маса кога му се јавувате на другиот мој син за да му се заканувате – рече Јакимовски.

Поранешниот премиер Владо Бучковски во колумна објавена во јуни 2006 година откри дека е мета на навреди и закани во СДСМ бидејќи не се согласувал со самото раководство на партијата.

Портпаролот Петре Шилегов пак својата портпаролска кариера ја започна со напади врз новинарите. На првата прес-конференција на која не беа поканети новинарите на „Република“, беше посветена токму за нашиот медиум и напади врз нас. Причина беше обидот на СДСМ да испере уште еден гаф на својот лидер, Зоран Заев. НЕ рекол на двонационален идентитет, рекол на во национален идентитет….

Шилегов и ден денеска има една основна задача – да одговара само на однапред познати новинарски прашања и со навредливи политички квалификации ги обележува новинарите.. На она што не му се допаѓа и не е однапред договорено само коментира со неумесни досетки. СДСМ секојдневно праќа соопштенија каде етикетира цели медиуми „провладините меиуми, партиските гласници, мегафоните на власта”, на што ЗНМ досега ниту еднаш не реагираше. Тие се единствениот пример на партија која организираше протестен митинг пред приватна национална телевизија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top