Познатата јасновитка, струмичанката Баба Ванѓа, доби улица во својата родна Струмица, јави Струмицанет.мк.
Советот на Општина Струмица одлуката за именување на улица Баба Ванѓа и уште 47 нови имиња на улици, ја донесе на вчерашната седница.
Улицата Баба Ванѓа се наоѓа во Индустриската зона „Север“, во урбан блок 3 и 4, каде досега во овој реон немаше имиња на улиците, па оваа улица беше евидентирана со технички број „У-2“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



