| четврток, 6 декември 2018 |

Баба Ванѓа ќе добие своја улица во Струмица

vanga

Познатата јасновитка, струмичанката Баба Ванѓа, доби улица во својата родна Струмица, јави Струмицанет.мк.

Советот на Општина Струмица одлуката за именување на улица Баба Ванѓа и уште 47 нови имиња на улици, ја донесе на вчерашната седница.

Улицата Баба Ванѓа се наоѓа во Индустриската зона „Север“, во урбан блок 3 и 4, каде досега во овој реон немаше имиња на улиците, па оваа улица беше евидентирана со технички број „У-2“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top