| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел: Руската политика создава потешкотии за држави соседи на ЕУ

Ангела Меркел

Ангела Меркел

Руската политика предизвикува потешкотии за голем број држави кои се соседи на Европската унија, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел во интервју за весникот Велт.

– Молдавија, Грузија и Украина се три држави од нашата политика за источно партнерство кои потпишаа договори за асоцијација со ЕУ. Русија им создава потешкотии на тие три држави, вели Меркел.

– Освен тоа, гледаме дека Русија се обидува да ги држи зависни во економски и политички план држави од Западен Балкан, нагласува таа.

Во интервјуто Меркел ја потврди намерата доколку постои потреба да се даде воена помош на Естонија, Летонија и Литванија. Таа ја нагласи неопходноста од почитување на Член 5 од Договорот за НАТО односно обврската да се даде помош на секој партнер од Алијансата.

– Ете зошто на пример ние даваме поддршка за обезбедување на прибалтичкото воздушно пространство, создаваме нови сили за брза реакција и соработуваме со Данска и Полска, нагласи Меркел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top