Во рамките од осмото коло Вардар му гостува на Чеховски Медведи во Москва. Во натпревар во кој има големо значење и со победа ги задржува шансите за второто место во групата, црвено-црните“ по првото полувреме водат со 19-16. Нападот функционира одлично. Горбок кој е едниствен лев бек во составот на Раул Гонзалес игра одлично и покрај тоа што лесно реализира, фантастично ги проигрува своите соиграчи на линијата од шест метри. Тоскиќ е сигурен на пикерската позиција, а на крилините позиции Дибиров и Шишкарев се непогрешливи. Да не беше на голот мотивираниот руски репрезентативец Грамс, разликата сигурно ќе беше поголема, бидејќи вардаци можеби го одиграа најдоброто полувреме до сега во Лигата на шампионите.
Чеховски Медведи кој важи за офанзивен тим постигна 16 гола иако одбраната на вардаци, а посебно голманите немаат свој ден.
Во второто полувреме со поагресивна одбрана на бековите на Чеховски Медведи треба да се добие овој натпревар и да се презими до февруари кога е закажано продолжението од Лигата на шампионите по паузата за Светското првенство во Катар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


