| четврток, 6 декември 2018 |

Фашистичкиот однос и говор на СДСМ и нивните пера

znm

Демократијата и не е многу јака страна на СДСМ. Физички пресметки, забрана за свое мислење и градење на сопствен став – овие работи се далеку од демократија.  Но дачо демократија за нив е желбата и можноста некого да лишеш, демократија за нив е можноста јавно да се закануваш, јавно да искажуваш желба некој да се самозапали, јавно да ја навредуваш сопствената нација. Заканата е демократија во политиката на СДСМ, преточена и преку нивни активисти, но главно преку нивните дежурни пера. Еден пример е новинарот Бранко Тричковски кој во една од своите колумни експлицитно ја објаснувасвојата желба за да ги лиши од живот премиерот и министерот за економија… Тоа звучи вака:

 Со отворање како во некој хичкоков филм, прво го фаќам квартот, па ја барам зградата на владата, па џамот на премиерот, па го зумирам премиерот, го гледам човекот низ тоа „леуполдот“ како работи за доброто на Македонија, како на еден голем вертикален крстозбор го решава прашањето за името и други тешки прашања, како што е новиот систем кој гарантира дека студентот не може да дипломира ако нема незнаење на глупак, ја гледам црвената точка на неговото теме и чкрапам, нула, еден, куршумот полетува, јас го вадам мобилниот телефон, му ѕвонам на премиерот, низ нишанот гледам како тој го крева својот „ајфон“ од масата со решенијата за Македонија, „ало вели тој, „ало“ велам јас, „сврти се накај американската амбасада, имам еден подарок за тебе“, му велам, тој се врти, го гледа ласерскиот зрак обоен во црвено, фацата му се изобличува како на Хамилтон во „Параболика“ на Монца, проектилот го крши џамот и влегува во основата на неговиот нос во форма на куртовска капија и прави божурен отвор во неговата чипирана глава!

Пред да се раздени сонувам уште еден сон. На „Даме Груев“ во Скопјанг, пред неговата ердоганска палата, му викам на Зокита Ставревски, Зоки, бе, јас сум Џидипито, растам секој ден, можеби не се сеќаваш, многу би сакал да те почестам нешто во мојата гаража, ја изградив од моите пари на вемерето, прекрасен проект на твојата влада, тој вика, „да, да, се сеќавам, како не се сеќавам“, епа, ај тогаш, да одиме, и така Зоки дојде во мојата гаража и тука како оној Батлер, Џерард Батлер, ако се сеќавате, го легнувам јас Зокита на работната маса му ушприцувам две-три инјекции за да не може да ми умре од болка и така врзан и немоќен, фиксиран како курсот на денарот, немоќен како некои луѓе на кои тој им ја беше ебал мајката, а и татковците не им ги беше поштедил, фатив да му ги кинам ушите и прстите на рацете со моторцанглите „блек и декер“, ганц нови, да му ги вадам катниците и очните капаци, да му акам уште не знам колку инјекции против брзата смрт и со моторна пила да му ги сечам нозете, на по три сантиметри, кругчиња, како од млади брези на Водно, да има да трае, стоката да страда, додека камерата снима како овој вреска, да се знае, оти бев наумил да ја покажам снимката на некоја журка или на јавна проекција на некој плоштад или на некоја од бројните шителизирани телевизии во кои тој ги беше бапнал парите од моите даноци и фирмите што со своите политики ми ги затвори!!

 И ова не е првпат Тричковски да ја искаже својата крвава машта. Ако го убијам Груевски дали медиумите ќе известат дека Македонец убил лудак?“ ова е само еден од многуте твитови на Тричковски во кои тој се служи со говор на омраза. Ќорава нација, и државата може да биде успешна ако остане без Македонци, не само ракометот…. пишува новинарот Тричковски. Тој во своите твитови и фб статуси постојано се служи со говор на омраза, со навреди и омаловажување на нацијата и на поединци.

На слично ниво е и неговиот колега Бранко Геровски кој на својот портал ги објавува ваквите колумни на Тричковски. За него џукели, слепци и гомнари како епитети за луѓе се дел од нормален новинарски речник. Постојано шират омраза и реално се закануваат по нечиј живот.

Tatjana-Karakamiseva

Аналитичарите велат дека ваквиот однос на СДСМ се наметнува од фактот дека немаат своја програма, свежи идеи и креативни мисли. Тие гледаат фашизоидно вербално дејствување од страна декларирани поддржувачи на опозицијата, кои пак се директно контролирани од фашистичкото раководство на најголемата опозициска партија.  Според познавачите ваквата состојба ја создава неопходноста од прибегнување кон застранети и мошне опасни вербални напади. Таквите напади доаѓаат директно од врвот на СДСМ и од неколкумината зацементирани пропагандисти и поддржувачи на опозициското лидерство. 

Универзитетската професорка Татјана Каракамишева вели  дека перјаниците на СДСМ во последниов период се надминале себеси. Според неа, тие на перо се многу силни и слободоумни, посебно кога треба да го бранат својот интерес, а во пракса се диктатори од најлош вид, посегнуваат по разни облици и методи на сатанизација на личноста која не мисли како нив.

– Перјаниците на СДСМ во последниов период се надминаа себе си, ги преминаа сите граници на цивилизирано новинарско/човечко однесување, длабоко загазија во казнената зона утврдена во Казнениот законик на РМ, и навистина погубно, ги фрлија во бунар демократските вредности на новинарската професија и етиката на новинарот. Комплетно ја згазија сопствената професија и ја омаловажија сопствената мисла и пишан збор до степен од кој нема враќање назад. Некои личности со збор покажаа дека не им е место да бидат дел од новинарската фела, не заслужуваат да бидат дел од јавното мислење, а уште помалку да бидат негови креатори.Потребата од оградување од ваквите фашизоидни и грозоморни изјави од најповиканите, пред се, ЗНМ и другите здруженија на новинари, и натаму стои, со цел ублажување на црнилото кое го фрлија неколкумина новинари во медиумскиот простор. Ако пак нема никаква реакција тоа треба длабоко да не замисли сите нас во кој правец оди новинарството, дали има граници целиот овој невкус и злоба и дали уставно загантираната слобода на мисла и нејзиното јавно изразување не е егзекутирана од неколкумина егзекутори пред очите на сите нас? Во името на демократијата, опозициската перјаница ја изведува најгрозоморната точка на насилство без никакво чувство на одговорност и морал. Со фактот дека никој од опозицијата, која ги почитува и храбри овие новинарски пера, а честопати се добива впечаток дека тие им ги креираат текстовите кои раководните од СДСМ само ги читаат на прес, не најде за потребно да се оградат од нив, тогаш сериозно може да се запрашаме дали оваа егзекуторска инсталација не е директен производ на партијата со цел создавање атмосфера на психоза која треба да биде ударна тупаница на опозициската политика олицетворена во процесот “политичка бомба на Заев”. Кога ќе се собере се што се случува на терен и кога ќе се одделат елементите еден од друг се разоткрива мозаикот на опозициската борба во која не преден план се гледаат перјаниците со напливот и избликот на целото злобно семе кое треба медиумски да се насади, да го инфицира конзументот, обичниот граѓанин, да се внесе страв во коски дека “големите демократи” го чистат теренот за социјалдемократската напатена раководна структура која после чистењето треба да ја запоседне власта и од горе да ни ја “извади душата” на сите кои не мислат како нив. Само се поставува едно мала но важна дилема-дали граѓаните имаат толку мало ниво на интелегенција и можат да поверуваат во каубојскиве филмови на режисериве? – вели таа.

Дека негативниот пристапа никаде не ги води зборуваше и ана­ли­ти­ча­рот Вла­ди­мир Бо­жи­нов­ски, сопс­тве­ник на Ин­сти­ту­тот за по­ли­тич­ки истра­жу­ва­ња Скоп­је, веднаш по првиот круг, а неговиот став се потврди со вториот круг кога СДСМ повторно доживеа дебакл. Но говорот на омраза, обвинувањето и фашистичкото делување и натаму останува пракса како на активистите и раководството на СДСМ, така и на нивните аналитичари.

Ваквиот настап на СДСМ и неговите пера трае долго време. Новинарката Мирка Велинова во една своја колумна посочи дека СДСМ веќе подолго време покажува фашизоидни тенденции во јавната комуникација со ВМРО-ДПМНЕ, која и во институциите ја нарекува како ДПМНЕ одземајќи и дел од идентитетот.

-Истото го спроведува и врз Македонците како народ, кој го подели на западнопрогресивен и источноназаден, на народ со влакна во носот што страда од вишок историја и депилиран испарфимиран народ што сака само идеолошки (евроатлантски) идентитет…
…Огромното мнозинство нормални луѓе кога ќе намирисаат фашизам, викаат НЕ. Како што сега се случува со Македонците. Само неодговорни будали или фашисти може да ги етикетираат, идеолошки да ги диференцираат реакциите упатени на адреса на ЕУ што оваа есен отворено исчекори политички во тој правец. Есенскиот извештај на ЕУ за Македонија (бришењето на сé што е македонско) фактички го рехабилитира фашизмот и ги поништи темелните акти на антифашистичкото човештво. Ако јас нешто сакам да слушнам во овој момент не е дали „боксерот“ на Илинденска сака да киниса кон Исток или Запад, туку дали СДСМ идеолошки се позиционира како фашистичка партија што поддржува политика на сила што спроведува обезименување на еден народ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top