Српскиот претседател Томислав Николиќ во интервју за весникот „Вечерње новости“ вели дека апсолутно е сигурен дека Србија ќе се најде пред избор или Косово или Европа и дека на тоа треба да се подготвени.
– Брисел ќе не соочи со признавање на Косово и треба да сме подготвени на тоа. Затоа треба што побрзо да постигнеме национален консензус и веќе е време да разговарам со премиерот Вучиќ – истакна Николиќ.
Запрашан дали би предводел држава која ќе се откаже од Косово поради членство во ЕУ, тој одговорил дека не би чествувал ниту во Влада која би ја признала независноста на Косово и „која би мерела дали ќе добиеме повеќе евра ако се откажеме од него“.
Николиќ додаде дека меѓу луѓето кои имаат некакво значење во српската политика не гледа ниту еден кој би се откажал од Косово и „од се она што не прави Срби“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации