| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ – лажни борци за демократија

dimova02centralen-komitet-sdsm-5

Физички пресметки, забрана за свое мислење и градење на сопствен став – овие работи се далеку од демократија. Иако Социјалдемократскиот сојуз на Македонија прикажува некаква борба за демократијата, судејќи по она што се случува на терен се работи повеќе за лажни борци отколку за вистински борци. Вистинското лице на СДСМ се виде на вратата од домот на пратеничката Љубица Буралиева.

„Графитот“ со содржина „К**во продадена“. – беше испишан на влезната врата од нејзиниот стан. Ова се случуваше еден ден откако собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетски им даде неоправдани на пратениците од опозицијата кои не влегоа во Собранието. Буралиева е една од трите пратенички кои не ја почитуваа одлуката на раководството на СДСМ за што постојано добила заканувачки пораки. Таа стравува за својата безбедност од  причина што не е првпат да добие закани. Откако одлучи да постави спротивно од партискиот став и да го прифати мандатот, беше изложена силни вербални закани, притисоци и навреди од дел од сопартијците, но и од медиумите блиски на опозицијата.

buralieva1

Ја посочуваа како предавник кој се интерсирал само за пари, но не и за доброто на партијата, иако истите тие што ја навредуваа, со месеци ги добиваа истите бенефити од државата без да се појават во Собранието. Очигледно е дека „графитот“ е дело на активисти на партијата на која до неодамна и припаѓаше и таа. Недемократијата на СДСМ се покажа и со исклучувањето на Буралиева и нејзината колешка Солза Грчева од партиските редови.  „Демократски“ СДСМ ваквата одлука ја донесе поради непочитување на одлуките на највисоките органи и тела на партијата од страна на двете пратенички кои решија корката леб да ја заработат седејќи во Собранието. Наспроти нив, и покрај волјата на граѓаните 34-ца пратеници да седат во собраниските клупи, 31 места останаа празни, а народните избраници земаа плата за седење дома. 

Демократијата онаква каква што ја поимаат од СДСМ се покажа на дело и во 2003 година, кога Бранко Црвенковски како премиер, а Радмила Шекеринска како потпретседател на таа влада, од државното ЕСМ брутално избркаа од работа 1.100 вработени. Тоа се случуваше во време кога мајката на Шекеринска беше директор на Секторот за развој и инвестиции во ЕСМ, а нејзиниот татко помошник-директор во Секторот за пренос во истото претпријатие. ВМРО-ДПМНЕ тогаш обвини дека за само еден ден 1.100 граѓани беа избркани на улица, само затоа што биле партиски неподобни за тогаш владејачката СДСМ. На местото на овие граѓани, во државното ЕСМ биле вработени пријатели, роднини, братучеди, деца на функционери на Социјалдемократскиот сојуз.

Иако пред изборите 2002 година ветуваа дека нема да се занимаваат со политички реваншизам, вистинското лице на нивната демократија се покажа кога беа отпуштени како политички неподобни. Истата судбина ја доживејаа и неподобните од МВР, како и од сите државни институции.

Истото веројатно би се случувало и доколку СДСМ повторно дојдат на власт. Сегашниот лидер, кој претходно беше потпретседател на партијата изјави дека да победат на избори, па и живи луѓе ќе јадат после тоа.

-Новиот концепт, кој сé повеќе ќе го слушате, ќе значи намалување и целосно кастрење на администрацијата, од една страна ќе значи и отворање на наши работни места, за нашите луѓе… ако сме успеале во ова време сите наши активисти да ги згрижиме со минимум барем еден член од нивното семејство, сега поминавме во фаза да ги згрижиме и нивните братучеди… Свесни сме дека ако сакаме да бидеме власт ќе влеземе тимски од хигиеничар до министер во секој ресор од државата и така имаме намера да ја водиме Република Македонија – вели Заев. 

Високи партиски функционери на СДСМ демократијата ја покажаа и со нападот врз новинарката од телевизијата 24 Вести, Душица Мрѓа, после интервјуто кое го направи со генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски. СДСМ покажува лицемерие кога еднаш говори за слобода на медиуми, а веќе следниот ден јавно навредува и линчува новинари, само затоа што не работат и не размислуваат како што тие мислат дека треба.  Овој случај е еден од најеклатантните примери на јавен линч кој СДСМ го спроведува врз новинарите, иако во јавноста вели дека се залага за слобода на медиумите.

dimova01

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top