Една од најубавите српски манекенки во седумдесеттите години, Билјана Невајда- Шевиќ, веќе со години живее далеку од блицевите на фотоапаратите. Како што самата вели, одамна го заборавила површниот сјај и гламур кој со себе го носи животот пред камерите.
По триесетгодишната работа како галерист и промоциите на најеминентните српски уметници низ Европа, како Оља Иванјицки, Милиќ од Мачва, Момо Капор, Бане Стефановиќ, денес ужива во своите мирни пензионерски денови, хармоничниот брак и со ќерката Милица, која се занимава со организација на големи филмски копродукции.
Таа во тоа време, како една од најубавите девојки од Дедиње, ги кршеше машките срца, а ексклузивно за српски „Телеграф“ открива дека Бора Ѓорѓевиќ ѝ ги посветил легендарните песни „Остани џубре до краја“, „Два динара друже“ и „Последња песма о теби“.
– Интересно е дека со години ме поврзуваа со песната „Лутка за насловне стране“, па редовно морав да се бранам дека не сум „кукла“ туку сум „ѓубре“ – ракскажува шеговито Билјана Невајда.
Песната, всушност, настанала откако таа го оставила, а Бора првпат ѝ ги прочитал стиховите во една кафеана.
– Беше вечер. Ѕвони телефонот, се јавува Бора. Ме моли да се најдеме во кафеаната „Под липом“ да ми ја прочита песната што ми ја напишал. Се подготвувам и одам да го видам, и кога таму… Токму како во песната: „Док стоим за шанком делимично пијан, мрзечи помало и себе и друге, убија лагано, коњак, цигарете…“. Седнавме на маса и тој со пијалак в рака, од својата позната тетратка, во која ги запишуваше своите стихови, прочита: „Нисам од оних који цвиле, више те немам и шта ту могу, бар се ансмеши када ме видиш, остани џубре до краја!“ Во прв момент тоа „ѓубре“ ми звучеше малку грубо, но кога сфатив дека тој термин, всушност, опишува една опасна, феноменална личност со која ја маѓепсан, а таа немилосрдно го остава, дефинитвно ми се допадна песната! Меѓутоа, тоа беше сè. Во тој момент не предизвика никаков потрес во мене. Се сеќавам дека дури бев и рамнодушна кога ја пуштаа на мојата свадба. Воопшто не ме допре – раскажува Билјана за „Телеграф“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.