Комисијата за верификација на фактите добила повратни информации за 1.581 кандидат за советници и градоначалници од Управата за контраразузнавање и Воената служба при Министерството за одбрана. Во текот на денот очекува и одговори од Државниот архив и од Агенцијата за разузнавање за тоа дали новопријавените кандидати биле соработници со тајните служби.
Утре, како што најави портпаролот Предраг Димитровски, Комисијата ќе одржи седница. Во интерес на времето овојпат сите пристигнати кандидатури се испратени до четирите институции, освен за кандидатите за Струга и за Кичево бидејќи за нив одлучуваше Управниот суд. Но, и тие ќе треба да го поминат лустрацискиот филтер.
Според законот, кандидатите за советници и градоначалниците мора да го поминат лустрацискиот филтер. По првото пријавување за советници и градоначалници, меѓу кандидатите за советници беа пронајдени тројца соработници со тајните служби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.