Новото оружје на припадниците на Исламската држава е толку големо што се потпира на два сталака и користи муниција со три пати поголем калибар од стандардниот. Три метри долгата снајперска пушта користи куршуми од калибар 23 мм. Освен тоа, џихадистите напавиме и импровизиран „пеколен топ“ кој истрелува проектили на оддалеченост од километар и пол.
„Пеколниот топ“ највеќе бил користен во борбите за Алепо, каде што сеел страв меѓу владините војници. Топот испалува цилиндри со високо модифициран гас пропан.
Кога станува збор за необичниот снајпер, британскиот експерт за огнено оружје Дејвид Дејсон, вели дека не е лесно да се утврди како функционира, бидејќи „не знаеме со сигурност од кој калибар е“, и второ, што е можеби поважно, затоа што „ не знаеме колку е квалитетно направено и дали цевката е прецизно обработена“.
Ефикасноста веројатно зависи од видот на муницијата која се користи. Во овој калибар од 23 мм. постои високоексплозивна запаллива противтенковска муниција која ефикасно уништува луѓе и возила, вклучувајќи и лесни оклопни возила, објаснува Дејсон.
Фотографија од терорист кој нишани во мета низ прозор во Кобане се појави откако противничката група Ал Нусра фронт ја прикажа својата оружена моќ.
КОнвој од пик ап возила натоварени со противавионско оружје и мажи вооружени со автопатми минуваат низ села во областа Идлиб на југот на Сирија, над кој како што тврдат презеле контрола од сириските бунтовници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.