– Развој и детален урбанистички план на индустриската зона на булевар Борис Трајковски, довршување на проширувањето на овој булевар, донесување детални урбанистички планови за населените места, заокружување на процесот на легализација на безправно изградени објекти, изградба, доработка и реконструкција на атмосферска и фекална канализација, создавање нови работни места преку привлекување домашни и странски инвестиции – ова се замо дел од ветувањата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ.
Таа во својата програма ветува многу работи кои ќе го унапредат живеењето и дејствувањето на општината. Вели дека по пат на јавно-приватно партнерство ќе се реконструира спортскиот центар „Расадник“, ќе се подобрува постојната и ќе се гради нова инфраструкутра. Во нејзината програма влегува нов репрезентативен објект кај сегашната руинира фабрика за сапун „Цветан Димов“.
Доколку победи на изборите, Беличанец-Алексиќ најавува дислокација на Центарот за зависници. Во нејзината програма влегува иизградба на нови училишни објекти на ОУ „Невена Ѓеорѓиева-Дуња“ и на ОУ „Рајко Жинзифов“, како и отворање детска градинка.
– Заедно со мојот тим, предводени од ВМРО-ДПМНЕ, се обврзуваме дека во ниеден момент нема да заборавиме дека сме одбрани да сме тука за своите граѓани и неуморно ќе работиме ставени во функција како сервис за граѓаните, кој е должен да се грижи за успешен напредок создавајќи дела со трајни вредности – рече Билјана Беличанец-Алексиќ.
фото: Игор Ангеловски (Република)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.