Повеќе од 4,5 милиони евра се инвестирани во најголемиот забавен парк во затворен простор на Балканот, кој ги отвори своите врати денес во Софија.
„Фантаси ринг парк“ e лоциран на површина од речиси 6.000 квадратни метри, во трговскиот центар „Софија ринг мол“. Забавниот парк има капацитет за 2.000 деца, на возраст меѓу три и 11 години. Дел од вкупната инвестиција е вложен и во првиот забавен парк за возрасни, кој, исто така, беше отворен денеска во трговскиот центар во Софија.
Двата објектот се дизајнирани и ќе се управуваат од меѓународниот инвеститор „Кралис груп“, кој има искуство со ваков тип на објекти на Балканот, со поддршка на „Софија ринг мол“. Се очекува посетите во двата забавни парка за 2015 година да надмине 500.000 посетители.
Во паркот има уникатните атракции, меѓу кои се: вистинска лизгалка од мраз, аквазона со чамци, вртелешка, ролеркостер, лизгалиште, џунгла, трамболина, гумени замоци и др.
Од денес и тинејџерите и возрасните можат да ги користат атракциите во првиот забавен центар за пораснати деца во Софија,„Апр фантаси парк“. Таму тие ќе можат да се забавуваат со хорор-колички, да преминат во бестежинска состојба во специјалната вселенска зона, да стрелаат со ласерски оружја или, пак, да се вратат кон детството со традиционални електронски игри и флипер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





