Одлуката за стопирање на изградбата на „Јужен тек“ е конечна, изјави денеска рускиот министер за енергетика, Александар Новак, јави ТАСС.
– Одлуката беше донесена, според мене, конечно и денеска веќе се занимаваме со истражување на изградбата на гасовод по друга маршрута – истакна Новак по годишната порака на претседателот Владимир Путин.
Според Новак, станува збор за гасоводот во Турција во согласност со договорот што го постигнаа Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Кремљ сѐ уште не добил официјална реакција од Европската комисија во врска со откажувањето на Русија од проектот „Јужен тек“, изјави во меѓувреме советникот на Путин, Јуриј Ушаков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.