Раководството и фудбалерите на Борусија Дортмунд смисли оригинален начин како да им се извинат на навивачите за лошите игри во новата сезона и за последното место на кое се наоѓаат по 13. кола во Бундеслигата.
Популарните милионери поканија на забава околу илјада навивачи одбрани по случаен избор и работеа на шанк, односно ги послужуваа со пијалаци.
На големите фудбалски ѕвезди во Германија не им падна тешко да се извинат, и тоа го сторија на многу симпатичен начин. Борусија Дортмунд стана препознатлива по прекрасните игри и резултати, а посебен симбол за верност кон клубот се навивачите.
Популарниот жолт ѕид на „Сигнал Идуна парк“ што го сочинуваат меѓу 70 и 80 илјади гледачи на секој меч на Борусија е вистински бренд во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






