| четврток, 6 декември 2018 |

САД отворија истрага за смртта на Гарнер

GTY_eric_garner2_ml_140722_16x9_992Американскиот министер за правда, Ерик Холдер, изјави дека е покрената федерална истрага во врска со смртта на Ерик Гарнер, невооружен Афроамериканец, кој за време на апсењето во јули во Њујорк почина откако полицијата го соборила на асфалт и му ги стегала вратот и главата.

Њујоршката голема порота вчера одлучи да не покренува обвинение против полицаецот белец, кој со раце го притискал Гарнер во пределот кај вратот. Гарнер пружал отпор при апсењето поради нелегална продажба на цигари.

– Нашите обвинители ќе спроведат независна, детална, фер и брза истрага, изјави Холдер.

Илјадници лица излегоа на улиците на Њујорк по таа одлука на големата порота, што се случи неколку дена по одлуката да не се покрене обвинение против полицаецот белец, кој го уби афроамериканскиот тинејџер Мајкл Браун во Фергусон, во државата Мисури.

Демонстрантите во Њујорк извикуваа „Нема правда, нема мир“.

– Најмалку 30 лица се уапсени – изјави шефот на њујоршката полиција Бил Бретон.

Возачите заглавени во сообраќајот поради демонстрациите свиереа од возилата во знак на солидарност.

Активистот за човекови права Ал Шарптон повика на протестен марш во Вашингтон на 13 декември поради одлуката на големата порота во Њујорк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top