Најдобриот фудбалер за 2014 година во Премиерлигата, Серхио Агуеро изјави дека ќе се обиде да го наговори Лионел Меси, да му се придружи во Манчестер Сити.
– Ќе биде тешко, но ќе се обидам. Се надевам дека ќе успеам да го убедам Меси да дојде во Сити. Сметам дека најдобрите светски фудбалери треба да играат во Премиерлигата, изјави Агуеро.
Меси неодамна најави можно заминување од Барселона по завршување на сезоната, а како можно следни негови дестинации се спомнуваат Манчестер Сити и Пари Сен Жермен поради куповната моќ на овие два тима.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.