Пратеничката Љубица Буралиева добила заканувачка порака од непознати лица во нејзиниот дом, дознава Република. Во текот на вчерашниот ден на влезната врата од нејзиниот стан со црн спреј било испишано „К**во продадена“.
Буралиева е една трите пратенички од листата на опозицијата која не ја почитуваше одлуката на раководството на СДСМ да не се појавуваат во Собранието, поради што беше изложена силни вербални закани, притисоци и навреди од дел од сопартијците, но и од медиумите блиски на опозицијата.
Ја посочуваа како предавник кој се интерсирал само за пари, но не и за доброто на партијата, иако истите тие што ја навредуваа, со месеци ги добиваа истите бенефити од државата без да се појават во Собранието.
За сега не е познато кој стои зад последниот дрзок обид да се заплаши пратеничката и тоа токму во нејзиниот дом. Наши извори велат дека пратеничката исплашена за својот живот случајот го пријавила и во полиција која ќе треба да утврди кој стои зад заканите и да го изведе пред лицето на правдата.
Притисокот врз Буралиева кулминираше неделава кога сопственикот на порталот Мактел Саше Ивановски -Политико јавно им порача на пратеничките Љубица Буралиева и на нејзината колешка Солза Грчева кои ги нарече „злобни кучки“ дека животите им се во опасност и ги советуваше да си ангажираат обезбедување. Во неговото обраќање до пратеничките Ивановски им напиша:
Солза, а и Љубица пошто знам впрочем тоа и го забележав дека во моментов сте како сијамски близнаци исто мислите и делувате, мојот одговор до вас е всушност во вид на совет, и тоа дури е и добронамерен, не знам зошто толку сум добар кон вас во моментов изгледа дека имав убав ден денеска, недела, ми се погоди некако. Значи вака имам два совети до вас:
1. Женски вие сте во опасност. Голема опасност. Вие по некоја чудна логика мислите дека можете да се однесувате како тотални себични злобни кучки. А притоа сте таму кај што сте затоа што стотици илјади маченици собрале храброст и гласале за вас притоа ризикувајќи да бидат отпуштени, малтретирани, казнети, обесправени… При тоа, илјадници новинари, активисти, политичари итн кои се во првите редови завршиле и со судски пресуди, парични казни, останале без парче леб, без слобода, им умрел некој од семејството, се разбоелеле… И сега вие мислите дека можете да си играте курташак со тие луѓе да се однесувате како тотални себични гангстери олоши бандити. Ама знаете ли што, од Амди, Грујо, Миленко, Латас и останатата багра никој и не очекуваше ништо подобро ама од вас сите очекуваа ниво и достоинство и сенс за осет за чувство за филинг за тоа каде сте што сте и зошто сте. Затоа мојот совест до вас е НИКОГАШ повеќе да не примате во посета граѓанин, новинар или активист! Ако веќе го примате ако решите да се однесувате како кон мене значи како тотални ладни безмилосни себични кучки, тогаш пред да го направите тоа викнете обезбедување да стои до вратата во ходникот. Затоа што не ви гарантирам дека нема инстантно моментално да почнете да летате преку прозорот дирек од вториот спрат кон асфалтот кој е пред сорбание. Јас некако се приправ, се воздржав а не дека немав и такви мисли низ главата. Сепак преслатки ми се дома бебето и сопругата и не сакам да патат моите родители и брат ми да ме мислат додека сум во затвор. Но некој кој е без семејство и сирак а кој би се наоѓал на мое место во тоа столче со исти чувства и бес, кој знае што би направил. Така што памет во глава женски.
2. Исто така овој период пазете кога одите накај дома, вртете се позади вас да не приметите некој како ви се доближува со дебел стап. Земете си пиштол, имате право да земете оружје, политичари сте и имате околу 200 000 потенцијални убијци.
Запаметете, јас ова ви го велам како превенција, на време да се стори нешто за да не настрадате. А зошто го правам тоа не знам, едноставно убав ми беше денот денеска и еве ова сфатете го како гратис од мене. Еве за кафето што ме почастивте додека ве слушав во собрание како ми проадавате муда за бубрези и како дипломатски ми рековте – “дечко, кој те ебе, ние нашите дунди и газови ги сместивме во фотељиве тука и едно 5 години сме раат кој ве ебе сите цркнете ако сакате ич уво не ни чуе”.
Не е прв пат Ивановски јавно да им се заканува на неистомисленици и да им упатува тешки навреди и клевети. Тој во многу наврати дури и се извинувал преку својот медиум за непромислените постапки.
Додека полицијата трага по лицето, или лицата што и го извршиле овој вандалски чин, останува да лебди прашањето кој стои зад овој вандалски чин? Дали Политико ја сменил тактиката и почнал да ги реализира заканите, некој од нејзината поранешна партија или некој трет?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.