Најдобро младо бело вино е „ризлинг“ на Јордан Колев од неготинското село Курија, а најдобро младо црвено вино е „каберне совињон“ на Сашо Тасев од Кавадарци. Вака одлучи Здружението на винари од Македонија кое денеска ги соопшти наградените вина од натпреварот во правење најдобро младо вино од индивидуални винари аматери.
– Во категоријата бело вино третото место му припадна на Страхил Михаилов од неготинското село Пепелиште за „смедеревка“, а второто на неготинецот Бранко Вељанов за „совињон бланк“. Во категоријата, пак, за црвени вина трето пласирано е „прокупец“ на кавадарчанецот Цане Коцев, додека на втората позиција е „франковка“ на Иле Илиевски од Свети Николе – информира Елена Богева, потпретседател на Здружението.
На натпреварот беа пријавени 29 мостри од винари од повеќе градови, што според Богева, е голем интерес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кардиолозите препорачуваат: Напијте се вино, помалку стрес за вас!
-
Кој пее зло не мисли: Чаша вино и пеење – навики што ќе ви помогнат да доживеете 100-ка
-
Најавен студентски протест во Битола на „Млади за Македонија“: Во каква држава ќе живееме, од нас зависи!
-
Владата не реализирала ниту еден проект за младите