Новинарот-уредник на албанската телевизија „Њуз 24“, Артур Чани синоќа бил нападнат од непознато вооружено лице кое вперило пиштол во него, но кога се обидело да пука, оружјето блокирало.
Според телевизијата, маскираниот маж со пиштол со пригушувач го чекал Чани во влезот на зградата во која живее и се обидел да му пука во грб.
Чани изјави дека тој и не забележал ништо кога влегол во зградата, но почуствувал дека некој е зад него, веднаш влегол во лифтот и заминал дома.
Момче од истата зграда видело три лица како бегаат и по прегледо на снимката од безбедноста камера на која се видел обидот за убиство, ги известило Чини и полицијата.
– Со никого немам никакви нерасчистени односи. Дури не сум се ни скарал со никого. Најверојатно ова е поради емисијата „Кактус“ која има истражувачки карактер. Деновиве поради закани еден новинар се откажа од работата во емисијата. Но, мене не може никој да ме заплаши, јас останувам тука, изјави Чана.
Полицијата нема официјални информации за мотивите за нападот, ниту за сторителите. На местото на настанот пристигнал и директорот на тиранската полиција Ардиан Чипа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тројца тинејџери од Тетово ќе одговараат за обид за убиство: Избол 17 – годишник со нож, па со мајка му се пријавил во полиција
-
Почнува судењето против дедото на Тамара за обид за убиство на Никола Тодоров
-
Српската естрада под истрага: Уапсени двајца пејачи на „Гранд“ поради обид за…
-
Очевидец на обидот за убиство на сопственикот на „Динамо Загреб“ обелодени која била првата реакција на Мамиќ