Најголемиот производител на печурки од Холандија и неколку компании од металната индустрија кои произведуваат шасии, се заинтересирани за инвестиции во Македонија.
Ова му е предочено на заменик-директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Климент Шекеровски по бизнис средбите со претставници на петнаесет холандски фирми од различни сектори меѓу кои хортикултура, земјоделство, логистика и металургија.
– Како резултат на овие бизнис средби очекуваме во наредниот период неколку посети на компании од Холандија во Македонија – соопшти Агенцијата за странски инвестиции.
За време на престојот во Холандија, Шекеровски посети осум града.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турската „Чагатај Кабло“ во Бунарџик ќе произведува кабли за автобусите на „Ван Хол“
-
Отворен нов погон во зоната кај Алинци, инвестиција вредна 1,2 милиона евра
-
Груевски: Денес почнува со работа компанијата „Акомпласт“, инвестиција која ќе креира 300 нови работни места
-
Груевски: ОДВ Електрик го стартува новиот објект во зоната Охрид- Струга, инвестиција на која долго работевме