| четврток, 6 декември 2018 |

Лејди Гага: Ме силуваше музичкиот продуцент

Лејди Гага во емисијата на Хауард Стерн, раскажала се за траумата која ја доживеала како тинејџер.

Лејди Гага

Лејди Гага

Пред да стане Лејди Гага, Стефани Џерманота доживеала сексуално злоставување. Пејачката, кога имала 19 години ја силувал музички продуцент кој што бил 20 години постар од неа.

„Не сакав да раскажувам за тоа, ниту да признаам што се случило, дури ни самата себеси не сакав да си признаам. Со години одев на терапија поради тоа. Сега можам да прејдам преку тие трауми, но тогаш бев како сенка на самата себеси. Одев во католичко училиште, тогаш почнаа да се случуваат многу работи и како да не знаев што значи тоа. Мислев, вака се однесуваат возрасните, ова е шоу бизнис“, изјавила пејачката.

„Никогаш не се соочив со силувачот. Еднаш го сретнав во продавница и од страв се парализирав. Дури сега, скоро десет години подоцна, можам нормално да гледам назад“.

Лејди Гага одбила да го открие името на напаѓачот, а нејзиниот оддел за односи со јавност појасниле дека не е во прашање Доктор Лук, кој неодамна го обвини пејачката Кеша за силување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top