| четврток, 6 декември 2018 |

Силувана жена кај Куманово

Вчера околу 15.20 часот во ПС Старо Нагоричане, Ж.Д. (59) од Куманово пријавила дека истиот ден околу 15 часот, додека била сама во нејзината куќа во село во општина Старо Нагоричане, дошол Д.В. (42) и со употреба на физичка сила ја присилил на обљуба, вршејќи други полови дејствија.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Истиот ден околу 16.20 часот од страна на полициски службеници осомничениот бил пронајден и приведен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top