| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадистите ќе нападнат пет патнички авиони за Божиќ

545016_islamisti-profimedia0211202293_f

Радикалните исламисти се закануваат дека на денот на католички Божиќ ќе нападнат пет патнички авиони кои сообраќаат на најважните воздушни линии во Европа.

Безбедносните служби во земјите на ЕУ сериозни ги сватиле заканите на џихадистите, па на големо се размислува за воведување на строги мерки, како забрана за внесување на рачен багаж во комерцијалните летови.

– Речено ни е дека пет авиони се мета на терористички напад кој е плниран за Божиќ, изјави неименуван висок функционер на лондонскиот аеродром.

Според него, терористичката акција е насочена кон „главните евроски дестинации“. Ова тврдење добива дополнително на тежина ако се земе предвид скоршната изјава на Тереза Меј, британската министерка за внатрешни работи, која изјави дека Британија е под најсериозна закана од терористички напад во историјата.

Сепак, заострувањето на контролите на аеродромите бара практични потези кои би ја пореметиле досегашната практика и значително ќе го забави и отежне авиосообраќајот.

-Тајната дискусија што се води во британската влада не доведе до адекватни решенија. Најдобриот план кој моментално го имаат е забрана за внесување на рачен багаж, но постои доста пречки во неговото остварување, изјавил изворот.

Исто така се размислува за забрана за внесување на било какви електронски направи во авионот затоа што се знае дека Ал Каеда станала многу вешта во производство на неметални експлозиви кои се внесуваат скриени во мобилни телефони, таблети и слични уреди.

Експерт од тајната служба на МИ6 вели дека е многу можно терористите веќе да извршиле неколку проби и дека се е подготвено за завршен, финален удар.

– Убеден сум дека веќе неколку пати успеале да внесат експлозив на комерцијални летови, тестирајќи ја безбедноста на аеродромите, изјавил тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top