Трката за најтенок смартфон продолжува, а кинескиот производител „Vivo“ ветува дека на 10 декември ќе го претстави новиот најтенок апарат во светот. Смартфонот „Vivo X5 Max“ ќе биде со дебелина од само 4,75 милиметри и ќе му го превземе рекорд на друг кинески производител „Oppo“, чиј модел „R5“ беше со дебелина 4.85 милиметри.
Оваа година бевме сведоци на сериозно истенчување на најтенките смартфони, а титулата најтенок смартфон беше кај три различни производителот и тоа трите од Кина.
Моделот „Vivo X5 Max“ ќе располага со 5.5 инчен екран со резолуција 1080 x 1920 пиксели и ќе работи со LTE мрежите од следната генерација. Софтверот ќе биде на Android 4.4 KitKat, а задната камера ќе биде 13 мегапиксели. Тој исто така ќе располага со 5 мегапикселна предна камера. Процесорот на смартфонот ќе биде осум јадрен од „MediaTek“ со фреквенција од 1.7 GHz и ќе има 2 GB RAM меморија.
Во оваа фаза не се знае каква ќе биде цената на апаратот и ќе се нуди ли надвор од Кина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



