| четврток, 6 декември 2018 |

Клиперс ја декласира Минесота, Филаделфија блиску до „црниот“ рекорд

Синоќа во НБА-лигата се одиграа четири натпревари. По две победи за домаќините и гостинските тимови.
Сан Антонио го доведе тимот на Филаделфија до само еден пораз од најлошиот старт во историјата во НБА-лигата кој го држи тимот на Нетс од пред пет години бидејќи досега од 17 натпревари има исто толку порази. Во победата од 109-103 Сан Антонио не сметаше на ветераните Данкан и Паркер кои заслужено се одмoраа. „Мамузите“ работата ја завршија уште во првото полувреме кога поведоа со 15 коша разлика.
Најефикасен во победничкиот тим беше Кав Ленард со 26 поени. Едниствена светла точка во Филаделфија повторно беше Картер Вилијамс со 24 поени, 11 скока и седум асистенции.

ЛА Клиперс ја декласира ослабената Минесота со 127-101. Минесота беше ослабена со неиграњето на клучните играчи Пековиќ, Рубио и Кевин Мартин. Блејк Грифин беше лидер во својот тим со 23 поени, а Деaндре Џордан успеа да собере 13 топки под кошевите.

Резултати:

Филаделфија – Сан Антонио 103-109, Вашингтон – Мајами 107-86, Јута – Денвер 101-103, ЛА Клиперс – Минесота 127-101.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top