| четврток, 6 декември 2018 |

Баба си го претепала зетот

баба

 Полицијата едвај успеала да ја оттргне побеснетата баба од зетот. Д.О. од Прокупле викендов во придружба на полицијата дошол во просториите на тамошната Итна медицинска помош каде му биле констатирани лесни телесни повреди.
Повредите, човекот ги здобил по кавгата со мајката на неговата сопруга.
Полицијата од Прокупле едвај успеала да ја оттргне побеснетата баба од зетот.
Бесната тешта после кусата расправија која избувнала во нивниот дом го нападнала зетот, а посериозен инцидент бил спречен благодарение на интервенцијата на полицијата, која едвај успеала да го спаси мажот.
 Дека тој се здобил со полесни повреди има потврда и од портпаролката на тамошниот здравствен дом д-р Љубица Станковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top