Англискиот фудбалер Дејвид Бекам и неговиот син Бруклин имале сообраќајна несреќа во Лондон.
Весникот „Дејли мејл“ објави фотографија од местото на несреќата и од автомобилот „ауди РС6“, кој го управувал Дејвид Бекам. Легендарниот фудбалер се судрил со „пежо 207 спорт“.
Бекам во автомобилот бил со синот Бруклин кого го зел од тренингот во Арсенал. Дејвид и Бруклин се полесно повредени, а поголема трагедија била спречена поради активацијата на воздушните перничиња во автомобилот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.