| четврток, 6 декември 2018 |

Се зголемува имиграцијата во Франција

2003-03-02-et-03-FRANCE-ALGERIE-CHIRAC-IMMIGRATION-ISLAMВо текот на 2012 година во Франција се зголемила имиграцијата, со што се потврдува тенденцијата забележана и во претходните години, но и покрај тоа, според Организаицјата за економска соработка и развој (ОЕЦД), „остануваат предизвиците за интеграција“, пренесува МИА од Париз.

Во 2012 година Франција прифатила 258.900 постојани имигранти, од кои најголемиот број се Европејци. Тоа претставува зголемување за осум проценти за една година, се вели го годишниот извештај на ОЕЦД, објавен денеска во Париз. Извештајот доаѓа во момент кога француската Влада започна со работа на реформата за законодавството имиграција и правото на азил.

Бројот на мигрантите што пристигнуват во Франција, може да се спореди со тој во Велика Британија (286.000) или Италија (258.000), но е многу помал во споредба со Германија каде што пристигнуваат 400.000 имигранти.

Во однос на 2007 година, во 2012 година, последната година за која ОЦДЕ има целосни бројки, имиграцијата во Франција се зголемила за 21 процент. Со ова бројот на имигрантите може да се споредува со тие од крајот на седумедесетите години на минатиот век, по нафтениот шок.

francija burkaНајголемиот број од лицата што биле прифатени во Франција доаѓаат од Африка, 61 процент, и тоа најмногу од Алжир – 25.000 лица, потоа од Мароко 20.000 и Тунис 12.000. Азија е вториот регион од каде што доаѓаат најмногу имигранти во Франција и тоа од Кина 7.000 лица и од Турција 6.100.

Овие податоци се потврдени и од испитувањето на францускиот Национален институт за статистички и економски студии (ИНСЕЕ), според кои, на почетокот на 2013 година имигрантите претставувале 8,8 проценти од населението на Франција, односно на француска територија живеат 5,8 милиони имигранти. Тоа претставува 800.000 лица повеќе во споредба со 2004 година, кога имигрантите претставувале 8 проценти од наслението.

Просечно од 2004 до 2012 година во Франција пристигнувале по 200.000 имигранти годишно. Од 2004 до 2009 година има стабилизација на приливот, а од 2009 до 2012 година зголемување поради доаѓањето на Европејци.

ИНСЕЕ наведува дека скоро секој втор имигрант (46 проценти) кој дошол во Франција е роден во некоја европска земја. Од 2009 до 2012 година бројот на влегувањето на Европејци на француска територија просечно се зголемувал за 12 проценти секоја година. Најголемиот број од нив, не доаѓаат од Балканот, туку од Португалија и Шпанија, земји погодени од економската криза.

Новопристигнатите се во најголем број со завршено образование, па така во 2012 година 63 проценти од имигрантите имале диплома за завршено средно училиште. Најмалку дипломирани имигранти доѓаат од Португалија и од Турција 56, односно 57 проценти, додека од Кина дури 90 проценти од дојденците биле се најмалку завршено средно училиште.

Бројот на жените во имиграцијата постојано се зголемува, па тие сега се мнозинство со 54 проценти од вкупниот број на имигрантите, најчесто на возраст од 20 до 30 години. Кај имигрантите од Кина жените во 2012 година претставувале 59 проценти од вкупниот број, додека кај тие од Европа – 51 процент.

Според ОЕЦД, Франција има воспоставено програми за задолжителна интеграција на некои категории од имигрантите, но и покрај ова сепак во споредба со другите земји, многу малку од имигрантите имаат работа споредено со лицата родени во Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top