ОН соопштија денеска дека повеќе од 1.200 Ирачани се убиени и двојно повеќе повредени во ноември, во акти на тероризам и насилства во блискоисточната земја.
Според податоци на Мисијата на ОН за помош на Ирак, 1.232 Ирачани се убиени во ноември и 2.434 се ранети, што е благ пад во однос на еден месец порано кога се регистрирани 1.272 жртви.
Во ирачката западна провинција Анбар најмалку 402 лица се убиени, од кои повеќето во градот Рамади, каде што борци на Исламска држава продолжуваат со судирите со ирачките сили за безбедност, додека во багдадската провинција најмалку 332 лица се убиени, се наведува во податоците на ОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тероризам во Ирска? Се испитуваат методите за убиството на еден маж на среде улица
-
Оперскиот пејач Дурловски ќе одговара за тероризам, а терористите кои убија деца на Смилковско на слобода
-
Приведени деветмина во Атина: Се сомневаат дека подготвувале терористички напад
-
САД: Терористите подготвуваат уште еден 11 септември