Во текот на изминатиот викенд во Полска од премрзнување починаа осум лица, соопшти Министерството за внатрешни работи, цитирано од ТАСС.
– Независно што студовите уште не се толку силни, само во последните два дена од премрзнување во Полска починале осум лица, од кои петмина во саботата – посочи Mинистерството.
Полицијата ги повикува луѓето да не ги заобиколуваат бездомниците на улица и да им посветат внимание на повозрасните, кои најчесто се жртви на ниската температура.
За испраќање брзи информации до соодветните служби отворени се специјални телефонски броеви.
На 29 и 30 ноември просечната температура во Полска беше околу минус пет степени, а во текот на ноќта таа се спушташе до минус 10 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.