| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските каратисти со 9 медали на СП во Каиро

Македонските каратисти освоија девет медали, од кои 3 златни, 4 сребрени и 2 бронзени, на Светското првенство кое се одржа во Каиро.

Наши најдобри натпреварувачи со најсјани одликувања беа Јадранка Недева – Јарчевска, која освои прво место во кого-кумите, со злато се закити и Аљоша Недев во кого-кумите, а златен медал освоија и Аљоша Недев и Матеј Ангеловски во енбу.

Со сребрени одликувања се закитија Дејан Недев во дисциплината кого-кумите, како и во кати поединечно, Јадранка Недева во дисциплината фукуго, како и во екипно во кати. Трето место во кумите освоивме во екипна конкуренција, во состав Дејан и Аљоша Недеви и Матеј Ангеловски.

Во кадетска конкуренција бронзен медал освои и Огнен Ангеловски во дисциплината фукуго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top