| четврток, 6 декември 2018 |

Ново признание за македонскиот каратист Дејан Недев

Најдобриот македонски каратист во традиционалното карате, Дејан Недев е избран за нов член во бордот на директори на највисокото тело на Интернационалната традиционална карате федерација (ИТКФ). Ова е големо признание и успех како за Дејан така за Македонија и македонското карате, бидејќи за првпат Македонија ќе има свој преставник на вака висока позиција во ИТКФ.

Воедно на местото на досегашниот претседател на ИТКФ, Ричард Јоргенсен од Канада кој се повлече од функцијата, а за нов претседател на е избран Џилберто Гартнер од Бразил. Дел од техничката комисија на ИТКФ меѓу петмината членови е и Венцислав Недев.

Таткото и синот, Венцислав и Дејан Недеви во иднина бидат официјални преставници на ИТКФ во  преговорите со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК). Инаку во Монтекатини, Италија, е собрана светската карате елита, бидејќи викендов ќе се одржат натпреварите на Обединетиот светски шампионат во традиционално, модерно и контактно карате, а Македонија ќе ја преставуваат 10 натпреварувачи.

Ова е втор пат, да се одржува овој шампионат. На првиот одржан во 2015 година во Копер, Словенија, нашиот најдобар натпреварувач Дејан Недев го освои првиот златен медал во фукуго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top