Непознати арамии викендов провалиле во главната пошта во Битола, при што успеале да го украдат главниот сеф во кој се чувале парите.
Утрово во просториите на поштата се вршел увид поради што неколку часа не им бил дозволен влез на вработените во објектот.
Засега нема информации колку пари имало во сефот.
Во текот на денот се очекува да се соопштат првите официјални информации за тешката кражба во битолската пошта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


