Поранешниот европски првак Борусија Дортмунд доживеа нов пораз и се зацрврсти на дното на табелата во Бундеслигата. Во дерби меч од 13. коло во Геррманија популарните милионери банкротираа на гости кај банкарите од Франкфурт, а конечниот резултат е Ајнтрахт – Борусија 2-0.
Мејер и Сеферовиќ беа прецизни за Ајнтрахт, екипа што направи редок подвиг и во две рунди едноподруго ги победи двете Борусии, од Менхенгладбах и од Дортмунд.
Во првиот меч денеска Волфсбург со 1-0 ја победи Борусија Менхенгладбах.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


