
Пред компании од Асоцијацијата на млади бизнисмени ТУГИАД заинтересирани за инвестиции во Македонија се претставени инфраструктурните проекти во патната и железничката инфраструктура, гасификацијата и проектите од туризмот во државава.
Се работи за компании од градежниот сектор, хотелиерството, енергетиката и рударството, автомобилската индустрија и железничкиот сектор, пред кои за инфраструктурните проекти и најавените инвестиции во Македонија зборуваше министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој е во посета на Турција.
За проектите што се реализираат за подобрување на инфраструктурата во Македонија Јанакиески информирал и на средба со турскиот колега Лутви Елфан. – На средбата е договорена размена на 100 дополнителни транспортни дозволи за 2014 година кои македонските превозници ќе можат да ги користат – се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Оваа година има три пати помалку капитални инвестиции споредено со лани
-
Автопатите лизгалишта, директорот на „Македонија пат“ задоволен (фото – видео)
-
Предупредување за возачите: Влажни коловози и снег кај Крива Паланка, Плетвар и Делчево
-
АМСМ препорачува внимателно возење: Намалена видливост кај Стража


